• Саше Љолес
Додека билетите за финалните натпревари на Ролан Гарос достигнуваат високи цени, организаторите годинава се погрижија љубителите на тенисот да имаат алтернатива и бесплатно да уживаат во спектаклот во Париз.
На познатиот плоштад „Конкорд“ е организирана фан-зона со огромни видео-бимови на кои се емитуваат натпреварите од вториот Грен-Слем турнир во сезоната. Поставени се монтажни трибини и лежалки, а влезот за сите посетители е целосно бесплатен.
Интересот е огромен, па уште пред почетокот на женското финале сите места биле исполнети. Голем број навивачи натпреварите ги следеле и стоејќи околу трибините, додека дел од нив седеле директно на плочникот само за да бидат дел од атмосферата.
#RolandGarros pic.twitter.com/jMwKkHi2cq
— B92.sport (@B92sport) June 6, 2026
Со овој потег, организаторите на Ролан Гарос им овозможија на илјадници љубители на тенисот кои не можат да обезбедат билет за легендарниот стадион „Филип Шатрие“ сепак да го почувствуваат духот на турнирот и да уживаат во најважните мечеви од центарот на Париз.
Фан-зоната на плоштадот Конкорд се покажа како полн погодок и едно од најпосетените места за следење на завршницата на престижниот турнир. Финалето во машка конкуренција ќе се одигра на седми јуни, а почетокот е закажан за во 15:00 часот. За трофејот ќе се борат Александар Зверев и Флавио Коболи.



