Јуниорите ги загубија мечевите во двојки на ЕП во Парма

Македонските дублови ги завршија мечевите на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години што се игра во Парма, Италија.

Девојките Ана Митевска и Зара Зафировска загубија од 12. носителки, домашните тенисерки Италијакните Каролина Гаспарини и Илари Пистола со 2-0 во сетови (6-4 6-1). Момчињата Кристијан Јанев и Амара Хусеиновиќ се порази од Хајдар Џем Гопинар и Керем Јилмаз (16, Турција) со 2-0 во сетови.

Македонските тенисери се дел и од турнирите за разигрување по поразите во првите две кола. Зара Зафировска ја совлада Естонката Мириам Ранкел со 2-0 во сетови (4-0 4-0), додека Кристијан Јанев загуби со 2-1 во сетови (2-4 4-2 4-1) од Нанд Вандерпоеле (Холандија).

Утре меч од третото коло на „главниот турнир“ ќе игра Ана Митевска којаза ривалка ја има Дафне Перикард од Франција.