Јотовски тргна со сигурна победа во БиХ

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успешно стартува на фјучрс-турнирот кој се игра во Добој, БиХ.

Нашиот најдоброрангиран тенисер во првото коло го надигра Дејн Пропоџиа од Австралија, од кого беше подобар во два сета, со 6-3 и 6-0. Во првиот сет Јотовски направи еден брјек, додека во вториот не му дозволи на противникот да игра и да освои свој сервис.

На турнирот вреден 15.000 долари, Јотовски во второто коло ќе игра со германскиот тенисер Кристијан Хиршмулер.