Јотовски лесно се справи со Хиршмилер за четвртфинале во Добој

Првиот македонски рекет Томислав Јотовски продолжува со одличните игро во Добој и полесно од очекуваното се пласира во четвртфиналето на овој ИТФ фјучрс. 

Јотовски место меѓу осумте најдобри обезбеди по денешната победа над Германецот Кристијан Хиршмилер со 6-3, 6-3 во сетови. Германскиот тенисер подобро го започна мечот, но Јотовски со пет сета во низа поведе со 1-0 во сетови, додека во вториот брзо си создаде брејк предност и рутински го доигра мечот. 

Македонецот во четвртфиналето ќе се сретне со Љубомир Челебиќ од Црна Гора, кој е шести носител.