• Иван Димовски

Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако во третата рунда беше сигурен против Педро Мартинез со 3-0 на „Централниот терен“ во Лондон.
Италијанскиот фаворит ја оправда својата улога, не му дозволи многу надеж на шпанскиот ривал за место меѓу шеснаесетте најдобри. Синер отвори фуриозно и одлично стигна до 5-0, за потоа да го затвори сетот од првата шанса (6-1).
Во продолжението Мартинез се обиде да пружи отпор, парираше и играше егал на стартот. Синер направи „брејк“ во петтиот гем и потоа со уште еден во деветтиот успеа со 6-3 да ја удвои предноста. Третиот сет одново беше фуриозен бидејќи Италијанецот пак отвори со 5-0, а потоа повторно со 6-1 ја обезбеди победата.
Во следното коло Синер го чека подобриот од дуелот на Димитров и Офнер.