• Мартин Танасковски
Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, со леснотија ја мина првата пречка на УС Опен.
Италијанецот со 3-0 во сетови (6-1, 6-1, 6-2) му нанесе тежок пораз на дебитантот Вит Коприва. 28-годишниот Чех, кој се наоѓа на 89. место на АТП-листата, не најде решение за агресивната игра на фаворитот и успеа да освои само четири гејма за цел меч.
Дуелот траеше само еден час и 38 минути, а Коприва делуваше нервозно и видно импресиониран од противникот. Синер по триумфот изјави дека веќе размислува за следниот противник, кој ќе биде познат по мечот меѓу Алексеј Попирин (Австралија) и Емил Русувуори (Финска).




