Јаник Синер ќе го брани трофејот на АТП Пекинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја оправда фаворитската улога и ќе го брани трофејот на АТП Пекинг. Првиот светски рекет беше подобар од домашниот претставник Јунчаокете Бу во два сета, за два часа и седум минути игра. 

Младиот кинески фудбалер добро се претстави против фаворитот, парираше и со еден брејк го загуби првиот сет (6-3). Синер мораше уште повеќе да се измачи во вториот, бидејќи во него не успеа да одземе ниту еден противнички сервис, иако имаше неколку брејк-топки. 

Се играше израмнето, сетот дојде до 6-6 и решаваше тај-брејк, а тој му припадна на Синер со 7-3. 

Во финалето Јаник Синер ќе се судри со вториот носител Карлос Алкараз в среда наутро од 11:00 часот.