Јаник Синер ја откри неговата состојба пред стартот на УС Опен

Само еден ден пред почетокот на новото издание на УС Опен, светскиот број еден Јаник Синер испрати охрабрувачки пораки до своите навивачи и љубителите на тенисот. Италијанецот, кој пред неколку дена се здоби со повреда во финалето на Мастерсот во Синсинати, најави дека неговата физичка состојба е стабилна и дека е подготвен за настап на последниот грен-слем турнир во сезоната.

„Многу сум среќен што повторно сум овде. УС Опен е извонреден турнир и секогаш носи посебна атмосфера. Ова е последниот голем предизвик од ваков ранг во календарот, така што мотивацијата е навистина висока. Физички се чувствувам добро. Речиси целосно сум закрепнат, иако сè уште не сум на 100%, но се надевам дека за неколку дена ќе бидам подготвен целосно. Верувам дека ќе биде во ред за стартот“, изјави Синер.

Во првото коло, првиот рекет на светот ќе се соочи со Вит Коприва од Чешка, кој моментално се наоѓа на 87. позиција на АТП-листата. Двајцата досега никогаш не се сретнале во официјален меч. Минатата година Коприва беше елиминиран уште во квалификациите на УС Опен, но оваа сезона успеа да се пласира директно во главната ждрепка, што е голем успех за него