Јаник Синер го доби партнерот за турнирот во двојки на Олимписките игри

Новиот прв светски рекет Јаник Синер го доби својот партнер за настапот на турнирот во двојки на Олимписките игри во Париз. 

Тенискиот сојуз на Италија го објави ростерот на асови на кои ќе смета на турнирот во Париз. Синер ќе игра заедно со Лоренцо Мусети и заедно ќе се борат за медалите на Олимписките игри. 

Освен Синер и Мусети во репрезентацијата на Италија се повикани Матео Арналди, Лучијано Дердади, Андреа Вавасори и Симоне Болели