Јаник Ноа во декември заминува од селекторското место на победникот на Дејвис Купот 

Францускиот државен капитен, Јаник Ноа, на крајот на оваа година ќе ја напушти селекторската функција на чело на Дејвис Купот, откако ќе му истече неговиот трет мандат.

Ноа со победата над Белгија во Лил во ноември минатата година ја овои „салатарата“, а годинава се бори за ново финале. Франција овој месец во полуфиналето од Дејвис Купот се среќава со Шпанија на домашен терен. Во второто полуфинале во Задар се среќаваат Хрватска и САД. 

Со оглед на то што Шпанија во Лил ќе настапи без повредениот Рафаел Надал, во моментов прв светски рекет, шансите „триколорите“ да играат за нова титула се изгледни. Сепак, и Ноа не е без проблеми, бидејќи Цонга не е подготвен за настап.