Изненадување за фановите: Бертенс на 29 години замина во пензија

Кики

Кики Бертенс ја изненади јавноста и најави дека заминува во пензија на само 29-годишна возраст. Тешката операција на Aхиловата тетива ја натера на овој чекор. Таа повреда не ѝ овозможи да се развива на посакуваниот начин. 

„Се чувствувам дека направив сè што можам за да се вратам посилна од кога било. За жал, ги немав успесите што ги очекував на терените, а таков беше случајот и на физички план. Дадов сè, но во моментов резервоарот ми е целосно празен...“  гласи пораката на Холанѓанката.

Неколкуте неуспешни обиди да се врати на старата слава и лошите резултати во 2021 година ја натераа холандската тенисерка да се повлече од тенисот. Во најдобрите денови беше четврта тенисерка на ВТА ранг листата.

Бертенс освои десет титули во кариерата, од кои се издвојуваат нејзините победи во Синсинати и Мадрид.