ВИДЕО: Изненадување во Торонто - Гркот Циципас го елиминира Ѓоковиќ!

Големо изненадување се случи на Роџерс Купот, откако младиот Грк Стефанос Циципас услеа со 2-1 (6-3, 6-7, 6-3) во сетови да го совлада Новак Ѓоковиќ и да го елиминира од понатамошните борби, а воедно и го обезбеди својот прв пласман во едно четвртфинале од Мастерс 1.000 серијата.

Во првиот сет Србинот се мачеше со својот сервис, младиот Циципас тоа знаеше да го искористи, направи брејк во шестиот гем, и со сигурен сервис до крајот го освои сетот со 6-3. Во продолжение и двата тенисери беа сигурни на свој сервис, па вториот сет беше одлучен во тај-брејк, во кој пресуди искуството на Ѓоковиќ - го доби со 7-5 и израмни на 1-1.

Кога се очекуваше дека младиот Грк конечно ќе биде „скршен“, тој одигра маестрално, во вториот гем од третиот сет направи брејк, кој го задржа до крајот и го доби сетот со 6-3 за голема победа од 2-1.

Во следната рунда, Стефанос Циципас за противник ќе го има подобриот од дуелот Зверев -Медведев.