Изненадување во Рим: Зверев елиминиран од Италијанецот Беретини!

Зверев

Најдобриот германски тенисер на денешницата Александер Зверев заработи елиминација во Рим од страна на Матео Беретини од Италија (7-5, 7-5).

Мечот траеше скоро два часа игра и истиот донесе голема битка и два неизвесни сета. Домашниот миленик покажа поголема концентрација во завршницата и направи еден брејк повеќе од противникот во двата сета за голема победа и пласман во следната фаза.

Следен противник на Беретини ќе биде подобриот од мечот Диего Себастијан Шварцман и Алберт Рамос Винолас.

Денес беше елиминиран и Стан Вавринка кој поведе, но ги загуби следните два сета во дуелот со Диего Гофин од Белгија (4-6, 6-0, 6-2).

Место во третото коло обезбедија уште Фриц, Шарди, Кирјиос, Качанов, Чилиќ и Соуса.