Изненадување во Монте Карло: Ѓоковиќ грешеше и испадна од Медведев

Прворангираниот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација во четвртфиналето на Мастерс-турнирот во Монте Карло и со 1-2 во сетови (3-6, 6-4, 3-6) загуби од Данил Медведев.

Србинот важеше за апсолутен фаворит, но на терен делуваше доста уморно. Воедно и многу грешеше, заврши со вкупно 47 грешки, поради што му донесе голем триумф на Медведев, прв во меѓусебните дуели.

  • Поен на мечот: 

Првиот сет го доби Медведев за само 39 минути. Новак играше многу лошо, а тоа го потврдува податокот дека имаше само три винери и дури 21 грешка. Во вториот сет Србинот се врати, победи со 6-4 и изедначи на 1-1, но во решавачкиот трет сет, Медведев влезе во ритам и од 1-1, успеа да освои седум поседователни поени и да поведе со 1-4. Потоа, следеше уште еден брејк за 1-5, а иако Ноле врати за 2-5, сепак, доживеа нов брејк, за конечни 2-6.

Медведев во наредната фаза ќе игра повторно со српски тенисер, овој пат Душан Лајовиќ.