ИЗНЕНАДУВАЊЕ во Акапулко: Ѓоковиќ елиминиран од Кирјос!

Некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, продолжува да забележува слаби резултати во новата сезона, откако утрово е елиминиран од Ник Кирјос од Австралија во четвртфиналето од АТП турнирот во Акапулко. 

17. тенисер одигра перфектен натпревар и во два сетови го совлада големиот фаворит (7-6, 7-5), Во првиот сет и двата тенисери љубоморно го чуваа својот сервис и се премина во тај-брајк во кој посмирен беше Австралиецот и го доби со 11-9. Во вториот сет повторно гледаме изедначен тенис, но овој пат до 11. гем кога Кирјос го направи клучниот брејк и со мирен сервис со 7-5 славеше голема победа над Ѓоковиќ.

Во полуфиналето Кирјос ќе се сретне со Сем Квери, додека второто полуфинале го сочинуваат Рафаел Надал, кој синоќа славеше лесна победа над Нишикоја од 2-0 и Марин Чилиќ.