Изненадување од Мадрид: Федерер ќе игра во шпанската престолнина

Федерер

По тринаесет месеци пауза, Роџер Федерер се врати на терените во Доха. Таму беше поразен од Николоз Башиашвили во четвртфиналната фаза.

Веднаш по турнирот швајцарскиот тенисер одново замина на пауза. Прашање беше дали ќе се појави за време на сезоната на земјена подлога.

Одговорот пристигна од Мадрид, каде се очекува поранешниот светски рекет број еден да биде дел од конкуренцијата за титулата. Сеќавањата од шпанската престолнина за 39-годишникот го навраќаат на моментите кога освои три трофеи.

Листата учесници на турнирот ја предводи бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ. Втор носител е Данил Медведев, а потоа следува домашниот миленик Рафаел Надал.

Мадрид Опен не се одржа во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.