Изненадување на Вимблдон: Чилиќ по пет сета загуби од Пела

Марин Чилиќ, ланскиот финалист на Грен Слем турнирот Вимблдон во Лондон, доживеа изненадувачка елиминација во второто коло и по тешка борба со 2-3 (6-3, 6-1, 4-6, 6-7, 5-7) загуби од Гвидо Пела од Колумбија.

Аргентинецот важеше за аутсајдер на хартија, но направи огромен подвиг и се врати по два сета негатива. Во третиот сет, Пела направи брејк за 3-4 и се врати на 2-1, додека во четвртиот, Чилиќ имаше предност од 1-3, но Пела возврати со брејк и го доби сетот во тај-брејк (7-3) за изедначување на 2-2.

Клучниот брејк во решавачкиот петти сет, Пела го направи за 7-5. Аргентинецот го искористи вториот меч-поен. Пела во третото коло ќе игра со Мекензи МекДоналд.