Изненадувањата во Париз не запираат, елиминација за Ига Швјонтек!

Украинската тенисерка Марта Костјук оствари голема победа на Ролан Гарос, откако ја елиминираше Полјачката Ига Швјонтек со 2-0 во сетови (7-5 и 6-1). 

Костјук со овој триумф се пласираше во четвртфиналето, приредувајќи големо изненадување на престижниот француски Грен-Слем. Мечот траеше еден час и 40 минути, а Швјонтек немаше свој ден и мораше да се помири со болен пораз во раната фаза на турнирот. 

За Украинката Костјук ова е второ четвртфинале на Грен-Слем турнирите, или прво на Ролан Гарос. Во мечот за пласман во полуфиналето, ќе се соочи со сонародничката Елина Свитолина, која со 2-1 во сетови беше подобра од Белинда Бенчиќ од Швајцарија. 

Најнови вести од
Ролан Гарос (Ж), WTA Singles