• Иван Димовски
Македонскиот тенисер Калин Ивановски претрпе елиминација во првото од двете квалификациски кола за Челенџер турнирот во Задар.
Подобар од Македонецот на стартот на квалификациите беше Даниел Мичалски од Полска, кој по два часа и 14 минути го доби дуелот со 2-1. Ивановски пружи солиден отпор, се бореше и долго беше рамноправен, ама претрпе елиминација.
Првиот сет од мечот Мичалски го доби со 6-4, а потоа Ивановски врати со ист резултат за израмнување (6-4). Сепак, во третиот сет македонскиот ас попушти и загуби два гема на свој сервис, го загуби сетот со 6-1 и забележа пораз.