Ивановски го доби маратонот со Родиш и донесе прва победа на Македонија на Дејвис Купот

Тениската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Дејвис Купот (група 3), кој што се одржува во Црна Гора.

Нашиот најнадежен тенисер, Калин Ивановски славеше во тричасовниот маратон со подобро рангираниот противник од Луксембург, Крис Родеш и ја забележа својата деби-победа во репрезентативниот дрес оваа сезона.

18-годишниот Ивановски со 7-2 славеше во тај-брејкот во првиот сет, но во следниот беше немоќен токму во битката кој прв до седум и Родеш израмни на 1-1. Сепак, во одлучувачкиот сет нашиот тенисер иако прв загуби гем на свој сервис во клучните моменти направи два врзни брејка и победи со 2-1 (6-4).

Следен наш претставник во Црна Гора ќе биде Србљак, кој ќе се судри со Алекс Кнаф.