Ивановски до полуфинале во Австрија, ќе игра со првиот носител

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе игра во полуфиналето на ИТФ-фјучрсот во Котингбрун, Австрија, вреден 15.000 долари.

Во мечот за место меѓу најдобрите четири, Ивановски беше подобар во два сета од Петер Голдштајнер, кого го доби со 6-3 и 6-4.

Во полуфиналето Ивановски ќе се соочи со првиот носител Валентин Вачерот од Франција.