• Иван Димовски

Најдобро рангираниот македонски тенисер Калин Ивановски доживеа пораз на стартот на Македонија Опен турнирот кој се игра во Скопје од серијата Челинџер-75. Младиот ас беше поразен од хрватскиот фаворит Дино Призмиќ.
Иако загуби, Ивановски беше задоволен од атмосферата на домашниот турнир, го пофали противникот и најави дека ќе бара друга шанса за првиот челенџер поен.
„Сакам да и заблагодарам на публиката за поддршката, но едноставно не успеав првиот поен на Челинџер турнир да го освојам во Скопје. Противникот со кој добро се познавам одигра одличен меч, тој е добра форма тоа го покажуваат неговите резултати. Јас имав шанси и брејк топки и во првиот и во вториот сет, но не успеав да ги искористам, што се покажа и како решавачко“, изјави Ивановски.
Откако рано беше елиминиран во сингл конкуренција, за Ивановски остануваат уште настапите во двојки. Таму македонскиот тенисер се натпреварува во пар со Берг Бугариќ, а првите ривали им се Индијци.