• Горан Упале

Горан Иванишевиќ беше среќен по новата победа на Новак Ѓоковиќ на Грен слем турнирите. Хрватскиот стручњак, кој четири години е во тимот на Новак, истакнува дека подготовката за финалето со Медведев била добро завршена.
„Беше потребно трпение. Медведев е играч кој игра пет перфектни мечеви и потоа за неколку моменти губи сè. Тактички, Новак работеше горе-долу беспрекорно, освен тој гем кој го загуби на свој сервис во третиот сет. Но, и тој е човек од крв и месо. Брзо се опорави и стигна до победата“, рече Иванишевиќ.
Хрватот ја опиша соработката со Ѓоковиќ на почетокот и сега.
„Не е полесно отколку на почетокот, но се навикнав. Го слушаш, не го слушаш. Ми недостигаше овој УС Опен со него. Имав трофеј со Чилиќ, но не и со Новак. И сега освоив сè со него. Ги имам сите Грен слем турнири, Мастерси, турнири од сериите 500 и 250, фјучерси и челинџери нема да игра, па можам слободно да се откажам“, додаде Иванишевиќ.
Најдобриот хрватски тенисер на сите времиња во својата кариера има само еден Грен слем, на Вимблдон пред 22 години.