• Горан Упале
Јаник Синер славеше над Новак Ѓоковиќ со 6-3, 6-3, 6-4 во полуфиналето на Вимблдон и стигна до своето прво финале на Вимблдон. Негов противник во борбата за трофејот ќе биде Карлос Алкараз.
Италијанските медиуми со големо внимание го следеа триумфот на својот тенисер. „Газета дело Спорт“ пишува:
„Ѓоковиќ беше поразен од неговата подобрена верзија, 2.0, надградба на софтверот што го спречи да стигне до седмо последователно финале и шанса да се израмни со Федерер во кралските градини“.
Големото финале на Вимблдон се игра в недела со почеток од 17:00 часот.


