Италијански тинејџер ја освои првата АТП-титула на турнирот во Софија

Најдобриот тенисер на Италија, Јаник Синер вечерва го забележа својот најголем успех во кариерата, откако го освои првиот трофеј од АТП-турот.

Во финалето на турнирот во Софија, кој се играше за 250 АТП бода, Италијанецот по голема борба во три сета  (6:4, 3:6, 7:6/3) го совлада Васек Посписил од Канада и се израдува на својот прв трофеј во кариерата. 

Во престолнината на Бугарија двајцата тенисери водеа голема борба, а победникот беше решен во третиот сет, во кој Синер имаше повеќе концентрација во тај-брејкот и славеше со 7-3. 

АТП сезона полека е пред самиот крај, односно преостанува да се одигра уште Завршниот Мастерс во Лондон, кој започнува утре.