• Мартин Танасковски
Италијанската тенисерка Јасмине Паолини се пласира во полуфиналето на Грен Слем турнирот Ролан Гарос во Париз со триумф над една од фаворитките.
Паолини, која е 15. пласирана тенисерка на ВТА-листата, беше подобра од Елена Рибакина која ја совлада со 2-1 во сетови (6-2, 4-6, 6-4). Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а ова е доста голема победа за 28-годишната тенисерка од „чизмата“.
Паолини во полуфиналната фаза ќе игра со Андреева или Сабаленка.