Италијанец приреди сензација и испиша невиден рекорд на Ролан Гарос

Италијанскиот тенисер Матео Арналди приреди едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос По пет часа и 26 минути игра, тој го победи Американецот Франсис Тиафо со 7-6/5, 6-7/5, 3-6, 7-6/3, 6-4 и за првпат во кариерата стигна до четвртфиналето на еден Грен слем турнир.

„Отсекогаш сонував да играм ноќен меч на Ролан Гарос. Овој против Тиафо во еден момент веќе не беше тенис, туку нешто друго. Игравме со сè што имавме. Некој мораше да победи, за среќа тоа бев јас. Ова сигурно е најдобриот меч во мојата кариера“, рече Арналди.

За време на дуелот Арналди спаси дури 17 од 25 брејк-топки и уште еднаш покажа неверојатна борбеност на париската земјена подлога.

Тој стигна меѓу првите осуммина на турнирот по вкупно 17 часа и 42 минути поминати на теренот, што е најдолго време потребно на еден играч за да стигне до четвртфиналето на еден Грен слем, откако АТП ја одржува оваа статистика од 1991 година. Во битката за полуфиналето го чека неговиот сонародник Матео Беретини, кој претходно го победи Хуан Мануел Серундоло.