Историско полуфинале за Чешка во ФЕД купот

По денешните одиграни натпревари, Швајцарија, Чешка, Франција и Холандија се полуфиналистите во Федерејшн купот во тенис.

Репрезентацијата на Чешка, осми пат по ред ќе игра во полуфинале откако со 2-3 ја победи селекцијата на Романија. Одлучувачката победа на Чешка ја извојува Плишкова која со 2-1 ја совлада Никулеску.

Репрезентацијата на Холандија со 3-1 ја победи Русија, а Франција беше најубедлива победувајќи ја Италија со 4-1. Тесна и неизвесна беше победата на Швајцарија над Германија со 3-2. На германската репрезентација не ѝ помогна ни победничката на Австралија опен, Анџелика Кербер, која во клучниот меч загуби со 0–2 од Бенчиќ.

За место во финалето на 16/17 април ќе се борат Швајцарија против Чешка и Франција против Холандија.