• Горан Упале
Лина Ѓорческа испиша историја за македонскиот тенис и стана првата наша тенисерка што обезбеди место во главниот турнир на Вимблдон. Со победата во последното квалификациско коло над Лусија Бронцети, најдобрата македонска тенисерка не можеше да ги сокрие емоциите, па историскиот поен го прослави со голема радост на тревата.
По последниот освоен поен следуваше емотивна реакција, бидејќи Ѓорческа оствари сон што го сонува секоја тенисерка, настап на најпрестижниот Грен слем во светот. Во продолжение погледнете како изгледаше моментот кој ќе остане засекогаш запаметен во историјата на македонскиот тенис.
Ѓорческа во петок ќе ја дознае ривалката за првото коло. Ждрепката е закажана за од 11:00 часот.









