Историски Вимблдон за Македонија: Ѓорческа дебитира, кам-бек на легендарната Серена

Женскиот турнир на Вимблдон оваа година ќе има посебно значење за македонскиот спорт. Лина Ѓорческа стана првата тенисерка од Македонија која избори место во главната ждрепка на еден Грен слем турнир.

Македонската тенисерка до историскиот успех стигна преку квалификациите, а во главната рунда на Вимблдон ќе дебитира против шестата носителка Аманда Анисимова. Со овој пласман, Ѓорческа испиша нова страница во македонскиот тенис и ќе биде дел од најпрестижниот тениски турнир во светот.

Титулата ја брани Ига Швјонтек, која финалето против ривалката на Лина, Анисимова го доби со неверојатни 6-0, 6-0. Серена Вилијамс се врати од пензија и доби специјална покана, па тениската кралица ќе се натпреварува на 45-годишна возраст. Иако никогаш не стигнала до финале, Арина Сабаленка во Лондон доаѓа како прв фаворит за освојување на трофејот, на второто место е шампионката од 2022 година, Елена Рибакина, додека статусот на трета фаворитка го делат Мира Андреева и Ига Швјонтек.

Женскиот турнир на Вимблдон стартува на 29 јуни, а вниманието на македонската јавност ќе биде насочено кон историскиот настап на Лина.