Историски резултат за Маја Хвалинска, обезбеди полуфинале на Ролан Гарос!

Полската тенисерка Маја Хвалинска се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако успеа во два сета да ја елиминира Русинката Ана Калинскаја (7-6/3 и 6-3). 

Хвалинска е 114. тенисерка во светот, но успеа да ја победи подоброрангираната противничка (24. на ВТА листата) за еден час и 55 минути. 

Седум пати ѝ го одзема сервисот на Калинскаја, не оставајќи ѝ никакви шанси за „кам-бек“ во мечот. Во полуфиналето, Хвалинска ќе се соочи со победничката од дуелот меѓу Арина Сабаленка и Дијана Шнајдер. 

Најнови вести од
Ролан Гарос (Ж), WTA Singles