Историска инвестиција: Тенискиот комплекс домаќин на УС опен ќе се реновира!

Американскиот тениски сојуз (УСТА) најави најголема инфраструктурна инвестиција во својата историја вредна 800 милиони долари за целосна обнова на тенискиот комплекс во Флашинг Медоус, каде што се одржува УС Опен.

Проектот ќе се реализира во три фази до 2027 година, со цел да не се наруши одржувањето на турнирот во наредните изданија. Централна точка на проектот е комплетна реконструкција на стадионот „Артур Еш“, вклучувајќи нов спектакуларен влез, луксузни ложи со 2.000 седишта и модернизиран простор со продавници и ресторани.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by US Open (@usopen)

Дополнително, ќе се изгради нов, двокатен тренинг-центар кој ќе го носи името на легендата Били Џин Кинг. Објектот, вреден 250 милиони долари и целосно финансиран од УСТА, ќе вклучува затворени и отворени фитнес зони, врвни соблекувални, салони за играчи, ресторан и кафуле.

Оваа инвестиција има за цел да го подигне квалитетот на условите за играчите и публиката, но и да ја зацврсти позицијата на УС Опен како еден од најголемите спортски настани во светот.