Историја во Лондон: Беретини прв тенисер од „чизмата“ со полуфинале

Италијанскиот тенисер Матео Беретини славеше над Феликс Оже-Алиасим со 3-1 во сетови (6-3, 5-7, 7-5, 6-3) и се пласираше во полуфиналето на Грен Слем турнирот на трева Вимблдон кој се игра во Лондон, Англија.

Беретини беше доста подобар ривал од противникот и заслужено патува во наредната фаза. Со победата над Канаѓанецот, Беретини испиша историја затоа што стана прв тенисер од „чизмата“ кој обебедил финале на овој турнир во Опен Ерата.

Беретини во полуфиналето на Вимблдон ќе игра со полскиот ас Хуберт Хуркач, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Дмитри Шаповалов.

Најнови вести од
Вимблдон