• Иван Димовски
Вториот сезонски Грен слем Ролан Гарос денес ќе ги добие финалистите по полуфиналните мечеви на Карлос Алкараз против Јаник Синер, како и Каспер Руд против Александар Зверев.
Интересно, ова ќе биде првпат по пауза од две децении и точно 20 години во финалето ќе нема ниту еден од „големата тројка“ - Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Последен пат кога ниту еден од тројцата најтрофејни тенисери не беше дел од финале на Ролан Гарос, тоа беше во 2004 година.
Тогаш се одигра аргентинско финале меѓу Гастон Гаудио и Гиљермо Корие. Оттогаш во секое финале, до оваа година, играл барем еден од Ѓоковиќ, Надал и Федерер.
Најтрофеен на Ролан Гарос е Надал со 14 освоени титули, три има Новак Ѓоковиќ, а еден Федерер, а сите тие трофеи се освоени од 2005 година до денес.