„Историја!“: Федерер го поздрави големиот успех на Бенчиќ

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер испрати порака до сонародничката Белинда Бенчиќ и ѝ честита за големиот успех кој го оствари на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио.

Бенчиќ дојде до златниот медал во сингл, а Федерер никогаш не успеа да го направи тоа и да ѝ го донесе тој успех на Швајцарија. По финалниот меч, популарниот Федекс објави фотографија од Бенчиќ на која напиша - „Историја!“.

Белинда Бенчиќ има шанса да ја продлабочи легендата на ЛОИ, затоа што утре (недела) од 8:00 часот игра и за златото во двојки.