Иснер по четврти пат го освои турнирот во Њупорт

Американскиот тенисер Џон Иснер ја освои титулата на турнирот на тревната подлога во Њупорт. Високиот сервер како прв носител дојде до трофејот и наградниот фонд од 583.000 долари. 

Иснер во финалето го победи 22-годишниот Александар Бублик од Казахстан со 2-0 во сетови 7-6/2, 6-3. Фаворитот помина само 76 минути на теренот и ја освои четвртата титула во Њупорт по 2011, 2012 и 2017 година.

Победникот трофејот го подигна во друштво на сопругата и малата ќеркичка.

Ова е мала утеха за Американецот кој целосно потфрли на Вимблдон. Наскоро се враќа Мастерс серијата со американската турнеја во Синсинати и Монтреал.