Иснер го мина Пуј и чека на победа на Ѓоковиќ за дерби во осминафиналето во Шангај

Американскиот тениски „џин“, Џон Иснер обезбеди осминафинале на Мастерсот во Шангај, откако утрово на сигурен начин славеше над Лукас Пуј од Франција со 2-0 во сетови (7-5, 6-3).

По нешто повеќе од час борба искусниот американски тенисер успеа да ја мине својата прва позериозна пречка на овој Мастерс и да закаже можен супер-дуел во четвртфиналето со Новак Ѓоковиќ, се разбира доколку денес првиот рекет на светот слави над Шаповалов. 

Како и секогаш, и на овој меч најсилно оружје на Иснер беше сервисот, кој му донесе дури 19 аса, додека на спротивната страна Пуј имаше осум, но и четири двојни сервис грешки.

Покрај Американецот, место меѓу 16-те најдобри обезбедија уште Циципас, Беретини и Хачанов, а од денешната програма се очекува да бидат познати уште четворица осминафиналисти.