Искусниот Швајцарец по седум години пак во репрезентацијата

Станислав Вавринка по пауза од седум години, пак ќе заигра за репрезентацијата на Швајцарија. 

Искусниот тенисер ќе биде на располагање на селекторот за настапот на Дејвис Купот и натпреварите си Германија. Вавринка во моментов се наоѓа на 139. место на АТП ранкингот, се мачеше со повреди, а на Австралија Опен беше исфрлен по првата рунда. 

Тројниот освојувач на Грен слем трофеи, последен пат го носеше репрезентативниот „дрес“ во 2014 година и играше заедно со Роџер Федерер. Сега, Вавринка ќе биде на располагање за дуелот на Швајцарците со Германија на трети и четврти февруари.

Победникот од оваа пресметка ќе се пласира во групната фаза која се игра во септември.