„Имам 99 титули, се надевам дека во Мелбурн ќе стигнам до јубилејот“

Федерер титули

Шампионот на 20 Грен слем титули, Роџер Федерер, го дозна првотивникот во првото коло на Австралија Опен. Се работи за Денис Истомин од Русија, кој исто така важи за еден од поискусните во ждрепката.

38-годишниот Швајцарец ја брани титулата од минатата сезона, се надева дека ќе го повтори успехот од 2018 година, а истиот ќе му донесе несекојдневен јубилеј.

„Одиграв одлична сезона, немав проблеми со повреди, па тоа можеше да се забележи на стартот од оваа година, поточно на Хопман Купот. Сега со нетрпение чекам на турнирот во Мелбурн. Се надевам дека ќе ја одбранам титулата, но не чувствувам голем притисок за тоа и сметам дека за мене подобро е да одам од меч во меч.

Бројката од 99 титули во кариерата звучи добро, но јас сакам баш тука, на Австралија опен, да го заокружам јубилејот“ , рече швајцарскиот тенисер.

Отвореното првенство во Австралија започнува на 14 и ќе трае до 28 јануари, кога е закажано големото финале.