Има 22 години, а веќе е најплатена спортистка во светот

Јапонската тенисерка Наоми Осака е најплатената спортистка во светот според американскиот магазин „Форбс“.

Победничката на УС Опен во 2018 и Австралијан Опен во 2019 година заработила вкупно 37,4 милиони долари од турнири и од спонзори. Тоа е рекордна заработка на една спортистка, а врвот таа го презеде од Марија Шарапова.

Руската тенисерка имаше рекордна година во 2015 кога заработи 29,7 милиони долари. Според заработката на второто место е Серена Вилијамс со 1,4 милиони долари помалку од Осака.

Наоми Осака се наоѓа на десеттата позиција на ВТА-листата, а зад себе има дури 15 спонзорски договори, меѓу нив и од компании како Најк, Нисан, Јонекс...