ВИДЕО: Игра тенис во хеланки, па ја „отепаа“ од снимање во задникот

Романската тенисерка Сорана-Михаела Кирстеа мами воздишки поради својот стајлинг на ВТА-турнирот во Нирнберг, каде носи хеланки и изгледа навистина атрактивно.

Таа е веќе во полуфиналето, а игра во црни хеланки благодарение на кои може да се забележат нејзините облини. Мажите сигурно уживаат во нејзината сексапилност, а доказ за тоа се режисерите, кои за време на мечевите ја снимаат се почесто во задникот.

Слично беше и на турнирот пред овој во Нирнберг, кој се одржа во Лугано, Швајцарија.

Следна противничка на Кирстеа на турнирот во Германија е Јулија Путинцева од Казахстан, која на хартија ја има благата фаворитска улога.