• Мартин Танасковски
Полската тенисерка Ига Швјонтек продолжува да испишува историја во женскиот тенис. Девојката успеа да постави нов рекорд во Отворената ера, остварувајќи 65 победи во низа на воведните мечеви од турнирите на ВТА турот.
Со тоа таа го урна досегашниот рекорд на легендарната Монка Селеш. До овој момент, Селеш важеше за тенисерка со најдолга победничка серија на стартните мечеви, но Швјонтек ја надмина со триумфот над Аранго во два сета со резултат 6-1, 6-2.
Швјонтек веќе неколку сезони ја докажува својата доминација на турнирите, освојувајќи повеќе грен-слем титули. Овој рекорд дополнително ја зацврстува нејзината репутација како една од најконзистентните и најподготвените спортистки на современиот тенис.




