Ига Швјонтек се „загреа“ за УС Опен со трофејот во Синсинати

Ига Швјонтек го освои пехарот на ВТА Мастерс турнирот во Синсинати, откако во финалето беше подобра од Јасемине Паолини (2-0). 

Финалната борба на американско тло траеше час и 50 минути. Полската тенисерка беше посигурна во клучните моменти и ги доби двата тесни сета. Текот на средбата беше сличен, Швојтек успеа да направи по еден брејк повеќе (три наспроти два) во однос на Паолини во двата сета и ги доби со 7-5 и 6-4. 

Со оваа победа Швјонтек стана прва полска тенисерка која го освоила Мастерсот во Синсинати. 

Освен трофејот, за Швјонтек освојувањето значеше враќање на втората позиција на ВТА рангирањето, како и добра увертира пред УС Опен.

ФОТО/PHOTO: Cincinnati Open/Twitter