Ига Швјонтек лесно ја мина Кис и прва обезбеди полуфинале во Рим

Полската тенисерка Ига Швјонтек е прва полуфиналистка на АТП Мастерсот во Рим, откако во четвртфиналето ја совлада Американката Медисон Кис со убедливи 2-0, по сетови 6-1 и 6-3. 

Мечот траеше само 76 минути, а ова беше петти дуел меѓу двете тенисерки, од кои Швјонтек има забележано четири победи. Полјачката во полуфиналето ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Коко Гоф и Џивен Џенг, а останатите две четвртфиналиња се на програмата утре. 

АТП турнирот во Рим се смета за еден од најпрестижните во календарот и се игра за награден фонд од 4,7 милиони евра.