• Саше Љолес
Полјачката Ига Швјонтек немаше апсолутно никакви проблеми во финалето на Вимблдон и ја „збриша“ Американката Аманда Анисимова со 2-0, по сетови 6-0 и 6-0.
Швјонтек комплетно ја оправда фаворитската улога и не ѝ дозволи на противничката да се надева на ништо друго освен убедлив пораз, стигнувајќи до шестата Грен-Слем титула во кариерата.
Анисимова се „истроши“ во полуфиналето кога ја елиминираше Арина Сабаленка од Белорусија и немаше никакви шанси против искусната полска тенисерка.
За Швјонтек ова е прв трофеј во сингл-конкуренција на Вимблдон, станувајќи прва тенисерка од својата земја која стигнала до овој голем успех.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X




