• Иван Димовски
Ига Швјонтек ја оправда фаворитската улога, ја победи Белинда Бенчич со сигурни 2-0 и се пласира во финалето на Вимблдон. За првпат во својата кариера полската тенисерка ќе игра за трофејот на најпрестижниот Грен слем турнир на турнејата.
До победата Швјонтек дојде речиси рутински. Стартот на мечот ѝ беше перфектен, тргна со 3-0 и еден брејк, за потоа во осмиот гем вторпат да одземе противнички сервис и тоа за 6-2.
Веќе во вториот сет фаворитката демонстрира уште повеќе сила. Швјонтек ги доби сите шест гема, правејќи три брејка и со тоа го затвори мечот со 6-0 во своја корист.
Во финалето Ига Швјонтек ќе биде предизвикана од хитот на турнирот во Лондон, Аманда Анисимова.
ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter




