И во тенисот ништо повеќе нема да биде исто: Вимблдон менува правило старо 147 години!

Примената на видео технологијата во спортот „метастазира“ со голема брзина, а Вимблдон реши да се вози на тој бран, откако организаторот на славниот Грен слем во Лондон се договорија да го укинат присуството на линиски судии на натпреварите.

Почнувајќи од следното издание, луѓето повеќе нема да бидат задолжени за проверка на спорните ситуации, како во изминатите 147 години, бидејќи контролата на регуларноста ќе ја преземе електронски систем за детекција на аут-топките.

„По прегледот на резултатите од тестирањата спроведени оваа година за време на турнирот, веруваме дека технологијата е доволно сигурна и дека е вистинско време да се направи овој важен чекор во потрагата по максимална прецизност во судењето. Тоа ќе им го понуди на играчите истото услови под кои играле на многу други турнири“, објасни директорот на турнирот Сали Болтон.

Пред Вимблдон, организаторите на Австралија Опен и УС Опен пред неколку години посегнаа по истото решение, а засега само челниците на Отвореното првенство на Франција даваат отпор од Грен слемовите, но веројатно е само прашање на време кога во таа река ќе заплови и Ролан Гарос.