Хрват приреди сензација на стартот од Дејвис Купот

Хрватскиот тенисер Борно Гојо приреди голема сензација во првиот ден од завршницата во Дејвис Купот. 

Хрватот, кој моментално е 276-ти тенисер во светот, се избори за значајна победа над 61. играч на планетата, Алексеј Попирин од Австралија, со 2-0 во сетови 7-6/5, 7-5. Со големиот успех Гојо ѝ донесе прв бод на Хрватска во дуелот со Австралија.

Вториот дуел меѓу Хрватска и Австралија го играат Марин Чилиќ и Алекс Де Минор, двајцата најдобри играчи на овие репрезентации.

На крајот на денот, најдобриот светски пар Мектиќ/Павиќ ќе игра против Болт и Пирс.