ВИДЕО: Хит поздрав на Ѓоковиќ и Ибра пред крунисувањето во Париз

На церемонијата пред доделувањето на титулата, Новак Ѓоковиќ испрати благодарност до сите ѕвезди кои дошле да го следат финалето со Каспер Руд, а посебно му се обрати на Златан Ибрахимовиќ.

Пред да го добие пехарот, рекорден 23-ти Грен Слем трофеј за него во карерата, Ноле испрати благодарност до Жиру, Мбапе, НФЛ-ѕвездата Том Брејди, а потоа му се обрати на Ибрахимовиќ и му кажа - „Ибра, ти и јас се знаеме долго време, ти си ми другар“.

За крај, тој им порача на организаторите и на публиката на Ролан Гарос дека „ќе се видат и следната година“.