Хенман: Ги одбив Мареј и Федерер поради љубовта кон семејството

Поранешниот британски тенисер Тим Хенман откри дека по завршувањето на професионалната кариера имал можност да соработува со некои од најголемите имиња во светот на тенисот, но одлучил да ги одбие тие понуди.

Хенман посочи дека добил покани да биде дел од стручните штабови на Роџер Федерер и Енди Мареј, што за многумина би претставувало огромна чест и предизвик. Сепак, тој нагласил дека не сакал повторно да се враќа на напорниот турнирски ритам и честите патувања што ги носи тренерската работа на највисоко ниво.

„Да, точно е дека ги одбив Федерер и Мареј, но тогаш штотоку ја завршив својата кариера и сакав да се посветам на семејството. Таков ангажман ќе ми одземеше огромна енергија и немаше да бидам близу до најсаканите, кои долги години ме чекаа да бидам покрај нив“, рече Хенман. 

Ова признание предизвика изненадување во тениската јавност, со оглед на тоа што станува збор за соработка со двајца Грен-Слем шампиони. Сепак, Хенман останал доследен на својата одлука, избирајќи поинаков пат по повлекувањето од активното играње.